Уставните измени во финална фаза повторно на седница

Скопје, 11 јануари 2019 (МИА) – Уставните измени во третата и финална фаза денеска повторно пред пратениците во Собранието во рамки на 75. седница, откако вчера закажаната седница беше одложена и презакажана за денеска во 12 часот.

Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека сѐ уште се во преговори со партијата БЕСА на Биљал Касами, која има два пратеника во Собранието, околу нивните барања за уставните измени, со фокус на начинот на кој ќе се дефинира државјанството и за заштитата на дијаспората, но засега нема официјални информации за текот на преговорите.

– Не можам да кажам дали ќе гласаат 80 пратеници, или пак ќе бидат 79 или 82 или 88, никој тоа сега не може да го каже. Верувам дека процесот на разговори кој течеше дава можност да веруваме дека ќе се обезбеди потребниот број од 80 пратеници, тоа е конечната цел и за тоа разговараме, изјави Заев.

Паралелно со подготовките за уставните измени во Собранието, надвор пред парламентарната зграда се одржа граѓански протест против промена на името, во организација на „Македонија блокира“ и партијата „Единствена Македонија“. На протестот се приклучи и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во своето обраќање порача дека „на отворена сцена се одвива ова пазарење со името и идентитетот “ и дека “тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе сторат се за договорот да не се случи“.

Македонското Собрание на 19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менување на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници. За завршување на третата и последна фаза е потребно двотретинско мнозинство гласови.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе