Уставните судии бараат да се поведе постапка за членот 175 од Законот за електронски комуникации

Широка двочасовна дускусија кај уставните судии за членот 175 од Законот за електронски комуникации, на денешната седница на Уставниот суд.

Судијката известител Вангелина Маркудова, предложи да се поведе постапка. Таа смета дека оспорениот член не регулира во кои случаи се оправдува отстапувањето од уставно загарантираното право на приватност и неповредливост на податоците. Подвлече дека постои опасност од незаконито и неуставно искористување на опремата за прислушување и може да доведе до загрзоување на уставно загарантираните права на граѓаните. На оваа линија се судиите: Исмаил Дарлишта, Наташа Габер, Гзиме Старова и Сали Мурати.

Малцинството судии сметаат дека само со судска наредба од судија на претходна постапка како и со образложено барање од јавен обвинител, тоа може да се дозволи бидејќи државните органи добиваат неконтролирана моќ за злоупотреби и неконтролирано прислушување. Претседателот Никоа Ивановски, Елена Гошева, и судијата Јован Јосифовски не гледаат ништо неуставно и образложуваат дека членот дава само технички насоки, додека со Законот за кривична постапка и други членови од Законот за следење на комуникациите е уредена постапката во кои случаи може да се прислушува.

Судиите кои застанаа зад иницијативата потсетија дека во 2010 година, Уставниот суд донел интервентна мерка со која поништил слична одредба, која во овој закон повторно е воведена. Дел од судиите се сомневаат и дека членот 176 , е неуставен. Судијата Јован Јосифовски најави дека има обврски на лекар, па за интерес на расправата се врати по 10 минути со објаснување дека ги одложил обврските.

Државната советничка Менка Траханова им одржа лекција на уставните судии - по барање на судијката известител Вангелина Маркудова, таа беше повикана да одговори на прашањата на судиите, што е невообичаена ситуација за овој суд. Повеќе од половина час, Трајанова објаснуваше зошто во рефератот од 20 страници изнеле став да се поведе постапка. Таа потенцираше неколку пати дека мора да постои уставна основа во спорната одредба. Во одредбата се нагласува дека не е забрането следењето на комуникациите, доколку операторот обезбедил опрема без шумови. „Дали тоа значи дека секој човек може да биде затворен ако се обезбедат соодветни услови“, праша Трајанова. Во интерес на државата е вмешување во приватноста, но мора да има уставна основа, рече Трајанова. Дел од судиите ја нападнаа со прашања Трајанова, дека целата материја е деликатна, и дека ако се отстранела нормата, ќе се внел хаос во законодавството.

Моментално тече пауза, по која судиите ќе продолжат со седницата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе