Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре на ден 26.02.2024 година без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 9:00 до 11:00 часот корисниците од ул. „Николај Островски“, ул. „Антон Чехов“, ул. „Пелинце“, ул. „Лазо Дамовски“, ул. „Австралиска“, ОУ „Страшо Пинџур“ (Општина Ѓорче Петров);
– во периодот од 9:00 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. „Драгутин Аврамовски-Гуте“ (Општина Карпош);
– во периодот од 12:00 до 14:00 часот корисниците од ул. „Лука Геров“ од бр. 33 до бр. 43 (непарни броеви) и зградите спроти овие објекти (Општина Ѓорче Петров).