Во текот на ноќните часови од вторник кон среда на небото ќе се појави феноменот наречен Крвава Месечина.

Тоа е целосно затемнување на Месечината што се случува кога нашиот природен сателит ќе влезе во Земјината сенка, т.е. кога нашата планета е точно помеѓу Месечината и Сонцето.
Кога Месечината патува така што само еден дел од неа е затемнет, тогаш велиме дека е делумно или парцијално затемнување. Целосно затемнување се случува кога Месечината целосно ќе влезе во Земјината сенка, а потоа ќе добие црвеникава боја, па оттука и името Крвава Месечина.
Нажалост, утрешното затемнување на Месечината нема да биде видливо од Македонија, бидејќи во моментот на затемнувањето Месечината ќе биде од другата страна на планетата, па најдобро ќе биде видлива од Северна Америка и Источна Азија.

NBC News известува дека следната Крвава Месечина нема да биде до 13 и 14 март 2025 година (во зависност од тоа каде сте).