Утре почнува струмичкиот фестивал на краток филм „Астерфест“

Со македонската премиера на 8-минутниот краток игран филм „Телефонско дежурство“, ќе почне прикажувањето на кусометражната филмска програма од годинашното 15-то издание на струмичкиот интернационален фестивал за краток филм „Астерфест“ кој ќе се одржи онлајн од 28 до 31 август, под мотото „Движења, патеки“.

Пред прикажувањето на филмот организаторите предвидуваат кратко обраќање на авторката Мораг МекКинон од Единбург, на лауреатот на наградата „Астер“ за животно дело, Пиро Милкани од Тирана, како и на режисерот Ленар Камалов од Москва.

Во натпреварувачката програма се и кратките играни, анимирани и документарни филмови: „Мари“ на Панајотис Краварис, „Месечински капки“ на Јорам Евер-Хадани, „Неонски срца“ на Ана Јакимска, „Обој ги змејовските очи“ на Џејмс Лукас, „Божикниот подарок“ на Богдан Мурешану, „Улис“ на Хорхе Малпика, „Прозорецот на соседите“ на Маршал Кари, „Колахолик“ на Марчин Подолец, „Еден од многуте“ на Петра Злонога, „Потеклото на човекот“ на Пјотр Сапегин, „Неумолива независна вселена“ на Дамјан Краковјак, „Дневни задачи“ на Петја Златева, „Рибата лист“ на Лизи Хобс, „Странско тело“ на Кристијан Гомес Агилар, „Терариуми“ на Хана Ховит, „Кругот“ на Ланре Малаолу, „Оди, трчај, ча-ча“ на Лора Никс, „Зомбија“ на Балоџи, како и „Лисицата и гулабот“ од Шериданската аниматорска школа.

Покрај официјалната, во ретроспективната програма ќе има и неколку впечатливи кусометражни остварувања од изминатите години на Фестивалот, меѓу кои и филмови на авторите Стефан Шашков и Јани Бојаџи, на авторките Билјана Гарванлиева, Ана-Марика Графманс, Тамара Суламанидзе и Хуанита Вилсон, но и оние на тандемот Претсел-МекДауел, како и на Ено Милкани. Исто така, во соработка со Кинотеката ќе бидат прикажани три антологиски кратки филмови од Бранко Гапо.

Интернационалното стручно жири ќе ја соопшти одлуката за наградите в понеделник вечер, веднаш по последниот краток филм во конкуренцијата, „Циркуски движења“ на Лукас Бергер и Марио Гаџо де Карваљо.

Онлајн филмските содржини ќе може да се следат секоја вечер со почеток од 19:30 часот, преку линкот www.asterfest.com/online.html.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе