Утре премиера на турската серија „Балканска приказна” што се снима во Скопје

На турската телевизија ТРТ1 утре ќе се одржи премиера на првата епизода од турската серија „Балканска приспивна песна“ (Balkan Ninnisi), која се снима низ локациите во Скопје. Гала промоција на серијата ќе се одржи и во Скопје, со прикажување на првата епизода утре, во Куршумли ан во Старата скопска чаршија.

Во тек е снимањето на втората епизода, а предвидено е да се снимаат 11.

Серијата ќе се прикажува и со македонски превод, а доколку во Турција се здобие со висок рејтинг, ќе се снимаат повеќе епизоди. Снимањето се одвива во Скопје, но тимот на серијата размислува да продолжи со снимање и низ локациите во Охрид, Битола и другите градови.

 

Во серијата „Балканска приказна“ главните улоги се на Ердал Озијаџилар, Озлем Туркад, Емре Беј и Мерих Озтурк, во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а режијата е на Доан Умит Караџа и Волкан Капкин. Освен нив, како актерски имиња се појавуваат и Хакан Бојав, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чиаџи, Џан Колукса, Дениз Ѓуркан, Емине Халил, Сулејман Кара, Ерман Шабан, Каан Тургут, Бурак Рахман. Во серијата во споредни улоги настапуваат и македонски актери.

- Кога почнавме да работиме веднаш се вклопивме во амбиентот. За снимање на оваа серија добивме голема поддршка од македонските институции. Најнапред добивме поддршка од Министерството за култура, од безбедносните служби, полицијата и другите институции како и општините кои ни дадоа дополнителен поттик уште подобро да ја сработиме нашата работа. Тоа е една од причините заради која се одлучивме да го работиме овој проект тука, рече на денешната средба со медиумите режисерот Доан Умит Караџа.

 

Тој напомена дека за време на снимањето посветувале големо внимание да има и македонски елементи во серијата, за да им ја доближат македонската култура до публиката.

Хакан Бојан, еден од главните актери во серијата кој ја игра улогата на Даниел на денешната средба со медиуми посочи дека не му е тешко да се прилагоди на улогата на Македонец, бидејќи како што вели, македонските и турски култури се прилично блиски.

- Пред да почнеме со снимање направивме мали истражувања околу начинот на живот на македонскиот народ и околу тоа за каков народ се работи. Се подготвив за улогата на македонско семејство со македонски начин живот. Нема голема разлика освен тоа што македонското семејство има поразличен начин на облекување и на однесување. Разликите се мали, но ми се допадна улогата на татко во македонското семејство.

Во серијата се отсликуваат делови од животот на две семејства, турско и македонско кои живеат од двете страни на реката Вардар, доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народи.

реклама

Хороскопски знаци на кои постојано им е потребно внимание

Read more

Србин уапсен во Грција, Хрватска го бара за воени злосторства

Read more

Дончиќ ги смени навиките и никогаш не изгледал подобро

Read more

Македонија или Див Запад: „Жолта минута“ на Арбер Адеми од ДУИ

Read more

Филм & ТВ

Наскоро на Netflix: Објавен трејлерот за шпанската хорор серија „The Girl in the Mirror“

Read more

Искрен трејлер за легендарниот Goodfellas

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Бред Пит откри кој филм зажалил што го направил

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Наскоро на Netflix: Објавен трејлерот за шпанската хорор серија „The Girl in the Mirror“

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за легендарниот Goodfellas

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Бред Пит откри кој филм зажалил што го направил

Читај повеќе
  • filter

Од играчка-плачка: 10-годишниот син на Бен Афлек му го „лупна“ луксузното Lamborghini

Читај повеќе

Шакира непрепознатлива по раскинувањето со Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Бред Пит најави крај на кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен нов трејлер за четвртата сезона на „Stranger Things“

Читај повеќе
  • play_arrow

Бил Козби виновен за сексуална злоупотреба на малолетничка

Читај повеќе