Утре првата виртуелна министерска средба во историјата на НАТО

Министрите за надворешни работи на 30 држави на НАТО ќе разговараат во четврток на својата прва видео конференција во историјата, за одговор на Алијансата на пандемијата на коронавирус и други клучни прашања, објави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Треба да се осигураме дека здравствената криза нема да предизвика безбедносна криза“, рече Столтенберг во видео конференција за новинари.

Тоа ќе биде прва видео-средба во 70-годишната историја на Алијансата. Пристапот до седиштето на НАТО во Брисел е ограничен за сите посетители, вклучително и новинарите, за да се минимизира ширењето на болеста COVID-19.

– Ние се обидуваме да преземеме акција за превенција на COVID-19, но НАТО продолжува да функционира, бидејќи заканите нема да исчезнат со чудо, рече Столтенберг.

Министрите за надворешни работи, исто така, ќе разговараат за улогата на НАТО во борбата против меѓународниот тероризам, вклучувајќи ја и мисијата за обука на ирачките сили, а потоа и за обезбедување долгорочен мир и стабилност во Авганистан.

Министрите ќе разговараат и за зајакнување на политичката улога на Алијансата. Генералниот секретар Столтенберг во вторникот назначи група од десет експерти кои ќе го советуваат како да се зајакне политичката димензија на Алијансата.

Во оваа советодавна група има пет жени и пет мажи. Копретседавачи на групата ќе бидат поранешниот германски секретар за внатрешни работи и одбрана Томас де Мезиер и Вес Мичел, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Таа група ќе предложи препораки за зајакнување на единството на Алијансата, зајакнување на политиките за консултации и координација меѓу сојузниците и зајакнување на политичката улога на НАТО. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе