2.МФЛ ИСТОК И ЗАПАД 2020/21

Утре жрепката за пополнување на вторите лиги, 5 екипи сонуваат за две места

Филип Здравески
/ 16.07.2020 / 14:29

Во текот на утрешниот ден во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде извршена жрепката за одредување на последните членови на двете втирилигашки групи во новата сезона.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Откако беа откажани бараж натпреварите за популнување на последното десетто место во групите Исток и Запад, ФФМ со жрепка ќе одреди кои две екипи ќе изборат второлигашки пласман.

Ваквиот начин на пополнување е крајно неатрактивен, но друго решениое во моментов нема откако тестирањата открија фудбалери позитивни на коронавирусот.

За место во Втората лига Исток на наклонетост на фортуната се надеваат Слога 1934 од Виница како лидер во Третата лига Југоисток и Росоман 83 од село Росоман како лидер на Третата лига Центар.

Во групата Запад жребувањето ќе решава помеѓу три клубови: Форуна од скопската населба Синѓелиќ како лидер во Третата лига Север, Беса од гостиварското село Добри Дол како лидер во Третата лига Запад и Велешта од истоиметото струшко село како лидер во Третата лига Југозапад.

Петте претенденти одамна сонуваат за второлигашки фудбал. Виничка Слога последен пат беше второлигаш во сезоната 2001/02, додека Росоман 83 дури во сезоната 1997/98. Велешта последен пат играше Втора лига во сезоната 1998/99, а пак Фортуна и Беса никогаш немаат стигнато до тоа ниво.

Откако со помош на фортуната ќе бидат комплетирани двете второлигашки групи, в понеделник се очекува и жрепката за одредување на распоредот на натпревари за новата сезона.

Муабетите во фудбалската чаршија велат дека екипата на Питу Гули од Крушево сериозно размислува да го напушти натпреварувањето. Доколку се случи такво нешто, тогаш несреќниот тим од утрешната жрепка на Истокот ќе добие втора шанса за второлигашки статус.

И кај Западот има такви муабети, а таму се работи за екипата на Лабуништа од истоименото село од охридско-струшкиот регион.

Тагови
реклама

Скопјанец организирал фудбалски турнир непочитувајќи ги мерките за заштита од COVID-19

Read more

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Read more

Петмина патници од летот Скопје-Турку во вторникот позитивни на COVID-19

Read more

Фудбал

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Read more

Озил бара поддршка за „Muslim Lives Matter“

Read more

Гасперини: Штета, помисливме дека сме во полуфинале

Read more

Сити испрати понуда за Кулибали

Read more

Спорт

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Читај повеќе

Ѓоковиќ одлучи да игра на УС Опен

Читај повеќе
  • filter

Озил бара поддршка за „Muslim Lives Matter“

Читај повеќе

Гасперини: Штета, помисливме дека сме во полуфинале

Читај повеќе

Сити испрати понуда за Кулибали

Читај повеќе

Пирло сака да го донесе Џеко во Јувентус

Читај повеќе
  • play_arrow

10 фудбалски легенди кои ќе се пензионираат до следната сезона

Читај повеќе

Формирани двојките за првото коло од НБА плејофот на Истокот

Читај повеќе
  • play_arrow

ПСЖ за три минути стигна до полуфиналето

Читај повеќе