Утревечер почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“

Утревечер, почнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“, и ќе трае до 20 мај.

Организаторите на фестивалот на денешната конференција за печат ја најавија програмата за трите фестивалски вечери, кои ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар и предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија.

„Ми се чини дека нашиот фестивал полека почнува да добива облик, па и да стои на сопствени нозе. Четврто издание, најквалитетна и најразновидна понуда досега, атрактивни гости, цврста автентична домашна програма, како директен одраз на работата на нашата дискографска куќа. Фестивалот активно соработува со европската програма МОСТ, локалните културни оператери „Аудиокултура“, а се јавуваат и други потенцијални соработници. Полека, но сигурно, обликуваме нешто препознатливо, нашата визија е се појасна и за нас и за публиката. Одиме напред“, истакна Мирко Попов, кооорганизатор на фестивалот.

Фестивалот ќе биде отворен утревечер, во 20 часот на малата сцена во Филхармонија со настап на Дамир Имери Трио (Р.С. Македонија). Тромбонистот Имери е тивка легенда на современата македонска музика. Во триото, покрај него, членуваат и Ади Имери и Ратко Даутовски. Истата вечер, на фестивалот ќе настапат Перфорто (Perforto) од Полска, со Ола Ржепка на пијано и Лукаш Марчинијак на електрична гитара. Гостувањето на Перфорто на „Крај Вардарот Џез Фестивал“ е поддржано во рамките на европскиот проект „МОСТ“ во програмата за размена на фестивали и се реализира во соработката со Катовице ЏезАрт Фестивал од Полска.

Во петок на 19 мај, во 19 часот, во лобито на кино Фросина – МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“. Веднаш потоа, од 21 часот во киното Фросина ќе се реализираат два концерти, Филип Букршлиев/Благојче Томевски (Р.С. Македонија), на бас кларинет и гитара и настап на Глигор Кондовски/Владан Дробицки (Р.С. Македонија) на виолина, електроника и тромбон.

Во сабота, во денсинг салата на МКЦ, во 21 часот ќе настапат „Ларта“ (Р.С. Македонија), проектен состав на тапанарот Дино Милосављевиќ. Фестивалското издание ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui) од Хрватска, загрепски квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, електроника и рокенрол. Досега имаат издадено 6 студиски албуми. Седум пати се закитија со најпрестижната хрватска музичка награда „Порин“ во различни категории, и четири пати со наградата на независните музичките новинари „Рок&Оф“. Соработуваа со џез оркестарот на Хрватската Радио Телевизија и направија композиција со легендарната дива Јосипа Лисац. Чуи ќе настапи во состав: Тони Старешиниќ (клавијатури и електроника), Војкан Јациќ (саксофон и електроника), Иван Левачиќ (тапани) и Конрад Ловренчиќ (бас).

За затворањето на фестивалот, по 23 часот предвидена забава со ПМГЏез диџеј сет на Мирко Попов, во лобито на киното Фросина.

Дизајн за визуелните решенија на фестивалот ги направи Виолета Качакова.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе