Утрово најладно во Берово, измерени -6 степени

Утрово е најладно во Берово каде се измерени минус шест степени, а максимални шест степени е во Дојран, информира УХМР.

Според податоците до осум часот,  минус два степени се измерени во Лазарополе и во Тетово, минус еден во Демир Капија, нула во Гевгелија и Претор, еден во Маврово и Крушево, два во Скопје, Куманово, Охрид и Битола и три степени во Прилеп.

Преку ноќта во планинските региони облачноста се намали и таму утринава е ведро, а по котлините остана ниска облачност или магла. Магла утрово има во Скопје, Струмица, Штип, Куманово и Тетово, а магливо е во Пелагонија и Гевгелија.

Од УХМР информираат дека преку денот ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе се прошири облачност и ќе започне повремен дожд, на планините снег. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени, во котлините со магла од 4 дo 9 степени.

Во Скопје утрово има магла, која ќе се задржи подолготрајно. Попладне маглата ќе се намали и ќе се зголемува облачноста. Температурата ќе достигне 11 степени. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе