Утврден е текстот на Предлог закон за помилување

Владата вчера го разгледа и утврди текстот на Предлог законот за помилување, предложен од Министерството за правда.

Причините за донесување нов Закон за помилување, според предлагачот, произлегуваат пред сѐ, од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување („Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и 99/16), од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со законот.

Заради честите проблеми со коишто се соочува практиката, од аспект на неопходност од итност на постапката, во новиот Закон, како што е образложено од ресорното министерство, се предвидуваат рокови за постапување на учесниците во постапката за помилување. Меѓу другото, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими.

Односно, со овој Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. А, една од најзначајните измени во законот е тоа дека претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Исто така се разработува постапката за помилување, при што клучни се и одредбите за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, како и на нивните претпоставени.

реклама

Русите нападнаа со тенкови стари 70 години, резултатот – катастрофа

Read more

Пронајдена најголемата змија во светот

Read more

Најбогатиот фудбалер во светот итно е хоспитализиран

Read more

Масивен сателит денеска неконтролирано паѓа на Земјата, ќе профучи близу Македонија

Read more

Македонија

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Read more

Муцунски: Наскоро Македонија ќе добие Влада која што повторно ќе се грижи за македонскиот јазик и за македонската традиција

Read more

Османи: За 2 месеца ќе спласне притисокот за издавање на патните исправи

Read more

ФЗО тврдат дека не биле известени, ниту учествувале во транспортот на Леонид со хеликоптер

Read more
 

Вести

Фон дер Лајен: Сакам да работам со оние кои ги бранат вредностите на ЕУ од пријателите на Путин

Читај повеќе

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Муцунски: Наскоро Македонија ќе добие Влада која што повторно ќе се грижи за македонскиот јазик и за македонската традиција

Читај повеќе

Османи: За 2 месеца ќе спласне притисокот за издавање на патните исправи

Читај повеќе

Маж пукал во сестра си и во нејзините два сина во Кумановско – две од лицата починаа

Читај повеќе

Едвај 10% од Европејците веруваат дека Украина може да победи во војната со Русија

Читај повеќе

ФЗО тврдат дека не биле известени, ниту учествувале во транспортот на Леонид со хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителството ги проверува наводите од кривичните пријави поврзани со пасошите

Читај повеќе

Ахмети ќе соопшти голема вест во обраќање во живо на Facebook

Читај повеќе