Фудбал

Утврдена причината за несреќата на сопственикот на Лестер

6. декември 2018 - 17:33 | МИА

Лестер, 6 декември 2018 (МИА) – Месец и половина по хеликоптерската несреќата во која загина сопственикот на Лестер, Вичај Шриваданапраба, истражните органи открија дека причина за трагедијата е дефект на моторот.

Според истрагата, механизмот кој ги поврзува педалите во кабината на пилотот со сечилата на роторот, кој го движи задниот дел, не дозволил хеликоптерот да ја достигне потребната височина и практично довел до неговиот пад.

Поради дефектот, пилотот не успеал да го управува хеликоптерот, кој направил нагло свртување надесно пред да се урне.

Покрај тајландскиот милијардер, во несреќата загинаа уште четири лица.

Падот на хеликоптерот се случи неколку минути по завршувањето на натпреварот на „лисиците“ против Вест Хем на „Кинг Пауер“ стадионот.

Поради несреќата и смртта на Вичај Шриваданапраба, натпреварот на Лестер со Саутемптон за Лига Купот беше одложен за еден месец.

Коментирај