За заштита од сексуално вознемирување на интернет

Утврдени измените на Кривичниот законик, се воведува кривично дело „демнење“

Владата на денешната редовна 92. седница го утврди текстот на Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, на Законот за Академија на судии и обвинители, Законот за парнична постапка, на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и на Кривичниот законик.

Како што соопшти владината прес-служба, со измените и дополнувањата во Кривичниот законик, меѓу другото, се предлагаат членови со кои во иднина нападот врз новинар, снимател или фоторепортер ќе се третира исто како напад врз службено лице.

Со другите измени што се предлагаат како дополнувања на Кривичниот законик се предвидува ново кривично дело „демнење“ за да се обезбеди заштита на жените од сексуално и секакво друго вознемирување преку каналите за комуникација вклучувајќи и преку интернет.

„Со новото дело „Демнење“, за кое говореше и премиерот, предвидуваме строги санкции за вознемирување и преку интернет, нешто што за жал, кај нас и во светот се случува се почесто. Да бидам попрецизен, откако измените ќе стапат на сила, тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин ќе се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави  несакан контакт, со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува, ќе се казни парично, а може да добие и затворска казна до три години. Со ваквото дело се утврдува како се постапува кога некој и преку интернет заплашува или настојува од оствари несакан контакт со друго лице“, појасни вчера министерот Бојан Маричиќ.

Со предложените измени на Законот за граѓанска одговорност е предвидено значително намалување на сумата којашто ќе ја плаќаат новинарите за изгубен спор за клевета или навреда од сега предвидените 2000 евра на максимални 400 евра.

Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини со кој се воведуваат повеќе новини како што е овозможувањето и општините да поднесат барање за добивање на концесија за експлоатација за потребите за изградба на општински пат.

Дополнително со новите предложени измени се уредуваат причините за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација од страна на концедентот доколку се утврди битна повреда на одредбите од договорот или на законите и прописите што се применуваат на договорот, во случај кога вршењето на експлоатацијата го нарушува јавниот интерес и кога концесионерот врши експлоатација надвор од просторот на кој е доделена концесијата со договорот за концесија.

Владата на седницата го разгледа и го усвои текстот на Меморандум за соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за спроведување на Проектот „Воспоставување на единица за координација на инфраструктурни проекти“.

Проектот, како што се посочува, има за цел да придонесе во напорите на Владата да ги зајакне ефектите на инвестициите во јавната инфраструктура врз економскиот раст, создавањето работни места, зачувувањето на животната средина и квалитетот на животот.

-Активностите на проектот ќе резултираат со зајакнат институционален капацитет на Владата на Северна Македонија за управување со јавна инфраструктура од големи размери преку поддршка на воспоставување и капацитетирање на Единица за координација на инфраструктурата (ЕКИ) на централно ниво, стои во соопштението. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе