Најмалку 30 лица се повредени во судир на два воза кој денес се случил во централниот дел на Швајцарија, во Андермат, соопшти швајцарската полиција.
Полицијата за сега нема информации околу сериозноста на повредите на овие лица, но соопшти дека медицинските екипи се наоѓаат на местото на настанот со цел да им биде пружена помош, пренесува Ројтерс.
Андермат е град кој се наоѓа во планинскиот дел на швајцарија, поточно во кантоната Ури.