Ужасот во Помпеја бил како да експлодирала атомска бомба

Италијански археолог ја спореди ерупцијата на Везув во 79 година со фрлањето атомска бомба во Втората светска војна.

Археологот Доменико Камардо вели дека уништувањето на Помпеја и блискиот Херкуланеум во ерупцијата на Везув во 79 година може да се спореди со судбината на Хирошима, на која беше фрлена атомска бомба во Втората светска војна.

Топлината на пирокластичниот бран кој пустошел покрај вулканот била помеѓу 400 и 500 степени Целзиусови, поради што крвта во телата на жртвите буквално зоврила.

„Посмртните останки на жртвите што ги најдовме се во слична состојба како и жителите на Хирошима. Навистина добивате чувство на ужас и трагедија“, рече Камардо, археолог од проектот за заштита на Херкуланеум.

Камардо ја направи споредбата опишувајќи го делумно осакатеното тело на жртва пронајдена во октомври на плажа во древниот град.

Археолозите веруваат дека маж на возраст од 40 до 45 години починал на неколку чекори од водата обидувајќи се да избега од ерупцијата. Во раката држел мала торбичка со дрвена кутија, од која ѕиркал прстен од железо или бронза.

„Можно е да бегал со своите скапоцености. Најдовме други предмети како што се остатоци од ткаенина, кои мора внимателно да ги отстраниме пред да ги проучуваме“, објасни Нунција Лаино, конзерваторка која ќе ги анализира остатоците кога ќе бидат преместени во лабораторија.

Коските имаат црвеникава боја од крвта на жртвата, објасни Франческо Сирано, директор на Археолошкиот парк Херкуланеум.

Остатоците од човекот се пронајдени како дел од првото археолошко ископување во последните 30 години во Херкуланеум, помалку познато место во близина на Помпеја.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе