В недела пристигнуваат првите 24.000 вакцини на AstraZeneca преку КОВАКС

На 28 март во државава ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на AstraZeneca преку КОВАКС системот, со што, како што најавија властите, треба да почне вакцинацијата на населението.

-Оваа недела на 28 март, во 7:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на AstraZeneca преку КОВАКС системот, објави синоќа на својот Facebook профил министерот за здравство Венко Филипче.

Како што изминатите денови најави Филипче, во април се очекува да стигнат поголеми количини вакцини и од Кина и Русија.

Во тек е вакцинација против COVID-19 на здравствените работници. Според податоците објавени на сајтот kovid19vakcinacija.mk , досега вакцина против COVID-19 примиле 6.940 здравствени работници, а вкупно пријавени граѓани за вакцинација преку сајтот vakcinacija.mk се 111.285.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, зголемен е бројот на заразени и хоспитализирани со COVID-19 во државава. Регистрирани се нови 1.264 случаи со COVID-19, 29 починати, 722 оздравени пациенти.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.

Во Скопје се активни се 8.362 случаи, во Прилеп 988, во Кавадарци 677, Куманово 664, во Охрид 616, во Велес 573, во Битола 549

Вкупниот број позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава е 1448, а слободни се околу 270 кревети. Поради компликации од коронавирусот во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 81 пациент. Слободни се 70 кревети, соопшти Министерството за здравство.

На интерните и хируршките клиники во Скопје имало 46 приеми, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 пациенти и 14 нови пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника. Во болницата во Козле примени се четири нови пациенти и пет деца на Клиниката за детски болести.

На инфективните оддели во Скопје се лекуваат вкупно 613 лица. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 94 пациенти, во Прилеп 119, во ковид-центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациенти, во Кочани 21 во Кичево 23, Кавадарци 75, а во Гевгелија 27 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.

Од Министерството за здравство велат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, а доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе