Вајгл ги демантира изјавите за Груевски, тврди дека не пренел ништо од нивната средба

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент (ЕП), Иво Вајгл, денеска во изјава за МИА демантира дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ниту дека пренесувал нешто што Груевски му го кажал нему при нивната последна средба во Скопје.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во телефонски разговор од неговата родна Словенија, Вајгл негираше дека воопшто споменувал некого индивидуално во однос на македонската политичка криза, камоли дека, според пишувањето на некои медиуми, тој пренесувал што Груевски нешто и некогаш му кажал на него.

„Јас како човек никогаш не персонифицирам одговорност и не се плеткам во македонската политика со прозивки на некои имиња и луѓе. Јас не знам да ја редуцирам вината на некое одредено име. Јас не зборував за тоа. Јас зборував за тоа што и претходно го кажав за Нова ТВ, а се разбира тоа е дека Македонија мора да ја доживее својата катарза на сопствената политика и патот за натаму е и преку тоа што го прави Специјалното обвинителство. Доколку се утврди низ правосудството, дека постои некаква индивидуална одговорност на било кого, тогаш тој се разбира дека ќе мора во правната држава за тоа да сноси последици“, рекол Вајгл во телефонска изјава за МИА.

На прашањето дали тој лично во некоја изјава или интервју го споменал поранешниот премиер Груевски и нешто што наводно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му го кажал лично, словенечниот европратеник децидно негира.

„Не, не сум зборувал такво нешто. Никаде не сум кажал такво нешто за некого лично“, демантира Иво Вајгл.

Известувачот за Македонија во Европарламентот, за крај посочи дека се што тој лично изјавил е кажано директно во микрофон или на телевизија и дека истото е јавно и достапно, и дека тоа нема директна врска со тоа што некои медиуми го пренеле како негова наводна изјава.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе