Останати спортови

Вајлдер пред борбата со Бризил: Ќе ја нокаутирам оваа будала

20. март 2019 - 13:16 | Б.С.Б.

Светскиот шампион во тешка категорија во WBC верзијата, Дионтеј Вајлдер на 18 мај во Њујорк ќе се бори против американскиот боксер Доминик Бризил. Вајлдер не бираше зборови кога зборуваше за 33-годишниот предизвикувач, кој во кариерата, од 21 меч, само еднаш бил поразен и тоа од Ентони Џошуа, во 2016 година.

„Ќе ја нокаутирам оваа будала, се надевам дека напорно тренира. Тој е наметнат предизвикувач, а таквите ми одат на нерви. Тоа се обични муви кои само ми зујат покрај ушите, а јас ќе ја смачкам и оваа. Никој не може да ме победи“, порача Вајдлер.

Ниту Бризил имаше убави работи да каже за Вајдлер.

„Ми се лоши кога го гледам овој шупак како се фали наоколу со појасот. Луѓето ќе скокаат на своите места во салата кога ќе го нокаутирам“, вели Бризил.

Тој, од 20 мечеви, 18 ги завршил со нокаут на противникот.

Коментирај