Освен што имаат прекрасни насмевки, кинеските стјуардеси имаат многу скриени вештини за кои веројатно досега не сте знаеле. Нивната обука за стјуардеси е сериозна и тешка, а опфаќа различни сегменти.
Bright Side објави фотографии од студентките на Колеџот за цивилна авијација во Ченгду, Кина каде новите стјуардеси учат како грациозно да се смеат држејќи стапче меѓу нивните заби.
Тие исто така ставаат списанија на главите за да постигнат совршено држење на телото.
Цели три минути на главите држат шишиња за да постигнат совршена рамнотежа на телото, додека меѓу колената држат лист хартија за да научат правилно да стојат.
Истовремено, тие тренираат кунг-фу и таеквондо, како и други вештини. Некои нивни вежби изгледаат како тренинг на војска. Особено внимание се обрнува на обуката за неутрализирање на терористички напади за време на летот.