Вака изгледа првиот смартфон на Lenovo наменет за гејмери

Неколку промотивни видеа кои се појавија на интернет го откриваат изгледот на првиот смартфон на компанијата Lenovo кој е наменет за гејмери.

Се работи за смартфон наречен Lenovo Legion чијшто промотивен материјал го откри анонимен извор. Исто така, откриени се и некои спецификации.

Видеата укажуваат на тоа дека смартфонот ќе го напојува батерија од 5.000 mAh и ќе поддржува полнење од 90W при што за 30 минути се полни до 100 проценти. Видлив е и USB-C port за полнење, слот за SIM картичка, како и дополнителен USB-C port. Звучниците се сместени во горниот и долниот агол, додека микрофонот е позициониран на горната страна.

На предната страна има симетричен дизајн во облик на буквата Y. Во центалниот дел на задниот панел се сместени 2 камери што е малку невообичаено. Сепак, ова е добро решение бидејќи гермерите ги држат смартфоните хоризонтално. Селфи камерата има pop-up механизам.

Уредот има Qualcomm Snapdragon 865 процесор и екран со резолуција од 2.340х1.080 пиксели, како и фреквенција на освежување на екранот од 144 Hz.

Задните камери имаат 64 МP и 16 МP, а селфи камерата има 20 MP.  

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе