Авто новости

Вака изгледаат електричните кросовери Audi E-Tron S со 496 коњски сили

24. февруари 2020 - 13:47 | А.С.

E-Tron S и E-Tron S Sportback се новите членови на семејството електрични кросовери на Audi.

Се работи за модели фокусирани на перформанси кои во Boost Mode испорачуваат 496 коњски сили, што е значително повеќе во однос на моќноста од 402 коњски сили на постоечките модели, ист така во Boost Mode. Од друга страна, во нормален „моуд“, моделот S развива 405, а стандардната верзија 355 коњски сили.

Моделите E-Tron S забрзуваат од 0 до 100 км/ч за 4,5 секунди и можат без проблем да ја достигнат електронски ограничената максимална брзина од 211 км/ч. Имаат ист капацитет на батериите од 95 kWh како и стандардните модели.

Внатрешноста не се разлилкува многу од постоечките E-Tron модели. Електронските нагодувања на спортските седишта се стандардни, а во кабината се присутни S ознаките. Купувачите ќе може да доплатата за подебели странични потпирачи, како и за климатизирани седишта со перфорирана кожа.

Цените засега не се познати.

Коментирај