Ferrari F40 е еден од најславните модели од Модена, автомобил кој и денес привлекува воздишки по улиците.
На социјалните мрежи се објавени снимки кои покажуваат како еден примерок гори на улица во Монако. Судејќи според успешноста на гаснење на пожарот, од автомобилот нема останато баш многу.
Очајничкиот обид на локален жител со црево за наводнување да го изгаси пожарот е дури и смешно. Единствено што не е комично во целата ситуација е очајничката реакција на сопственикот кој беспомошно ги крева рацете додека гледа како F40 исчезнува во огинот.