Вака се вози вистински теренец: Акробации со Defender во новиот Џејмс Бонд филм
Новиот Defender на Land Rover по повеќе од седум децении доби ново издание, а пролетва ќе се појави и на пазарот.
Во најновиот филм за Џејмс Бонд „No Time To Die“, моделот Defender ќе има важна улога, барем кога станува збор за акционите сцени со возење.
Судејќи по објавеното видео, моделот покажува дека нема конкуренција на терен и дека никој и ништо друго нема да го издржи возењето како него.
Во снимањето на филмот биле користени 10 сериски примероци без никакви модификации, но се знае колку од нив го „преживеале„ снимањето.