Вакцина против COVID-19: Предизвикот ќе биде да се убедат луѓето да примат две дози

Една доза вакцина против коронавирусот најверојатно нема да биде доволна за ефиксна заштита, тврдат експерти. Оваа теорија зема замав, особено по истражувањата кои покажуваат дека антителата во организмот исчезнуваат по само неколку недели, односно месеци.

Тоа значи дека имунитетот на коронавирусот по примањето на вакцината би бил привремен, објави американски Business Insider.

Затоа експертите сметаат дека луѓето ќе мора да примат најмалку две дози од вакцината за да им даде ефикасна заштита од коронавирусот. Некои стручњаци сметаат дека ќе треба редовно да се прави ревакцинација.

Некои фармацевтски компании веќе се подготвуваат за можноста да бидат бидат потребни најмалку две дози за секој човек на Земјата. Меѓу нив се гигантите Pfizer и Moderna.

Сепак, предизвикот ќе биде да се убедат луѓето да примат две дози. Веќе постои проблем во тоа што помалку од една третина од младите жени не сакаат да ја примат втората доза од вакцината против ХПВ, а тоа е потребно за ефикасна заштита. Тоа не е единствениот проблем.

Ако се покаже дека ќе биде потребно да се примат две дози, тогаш тоа значи дека ќе мора да се произведат повеќе ампули и инјекции и дека луѓето ќе треба двојно повеќе пати да ги посетат здравствените установи.

Претпоставката за потенцијално честото вакцинирање произлегува од мислењето на експертите дека луѓето би можело да се заразуваат со новиот коронавирус повеќепати, што не е случај со некои други вируси.

Но, не постои јасен доказ дека тоа е навистина така.

Во насока на траењето на заштитата од вакцината, британско-шведската фармацевтска компанија AstraZeneca која има вакцина во развој заедно со научници од Универзитетот Оксфорд, вели дека нивната вакцина ќе штити од коронавирусот околу една година. Во тек се испитувања и ако се покажат успешни, ќе бидат произведени 2 милијарди дози.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе