Вакцината на Moderna 96 проценти ефикасна кај деца од 12 до 17 години

Американската фармацевтска компанија Moderna објави дека нејзината вакцина против COVID-19 се покажала 96 проценти ефикасна кај деца на возраст од 12 до 17 години.

Две третини од 3.235 учесници кои учествувале во клиничките испитувања во САД примиле вакцина, а третина добиле плацебо.

Студијата покажала ефикасност против COVID-19 од 96 проценти. Вакцината mRNA-1273 општо добро се поднесува, а досега не е забележано нешто сериозно што би поставило прашања околу безбедноста на вакцината, соопштија од компанијата.

Како дел од испитувањето, откриени се 12 случаи на коронавирус 14 дена по првата доза. Резултатите се темелат на следење испитаници во просек 35 дена по втората доза на вакцина.

Фармацевтската компанија вели дека нуспојавите биле „благи или умерени“, најчесто болка на местото на убодот. По втората доза нуспојавите вклучувале „главоболка, болки во мускулите и треска“, слично како кај возрасните кои примиле вакцина.

„Досега не се утврдени сериозни причини за загриженост во поглед на безбедноста на вакцината“, се вели во студијата.

Засега, вакцината е одобрена за луѓе постари од 18 години. Moderna наведува дека е во разговори со регулаторите во поглед на потенцијални измени и дополнувања во регулаторните пријави со цел да се одобри вакцината за оваа возрасна група.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе