Вакцината нема да биде семоќна, маски ќе носиме со години

Постојат големи шанси првите вакцини против коронавирусот да бидат одобрени за масовна употреба до крајот на годината. Но, експертите предупредуваат дека тоа нема да биде чудесно оружје и дека ќе држиме дистанца и ќе носиме маски со години.

Додека медиумите известуваат за зголемување на бројот на регистрирани случаи и се воведуваат нови рестриктивни мерки низ цела Европа, оптимистичните најави дека наскоро пристигнува вакцината, на многумина им звучат како единствена надеж. Вкупно единаесет вакцини ширум светот се во последната, клиничка фаза од испитувањето, при што на десетици илјади луѓе им се дава или вакцина или плацебо, пишува Deutsche Welle.

Научниците и фармацевтските компании сега со нетрпение чекаат доволен број од овие луѓе да се заразат со вирусот во нивниот секојдневен живот. Ако се покаже дека сите или скоро сите заразени се оние кои примиле плацебо, тоа би значело дека оние кои ја примиле вакцината се заштитени. И тогаш вакцината би добила дозвола.

Сепак, германскиот министер за здравство Јенс Шпан сепак е претпазлив. Тој рече дека на вакцината може да се смета на почетокот на следната година, веројатно до март, но можеби дури и подоцна.

Во германската биотехничка компанија BioNTech од Мајнц сметаат дека имаат голема шанса да бидат први. Во најдобар случај, тие би можеле да добијат дозвола за вакцината веќе во средината на ноември.

Логистиката веќе се подготвува

Во соработка со гигантите од фармацевтската индустрија и со дарежлива финансиска помош од државите, неколку компании веќе планираат масовно производство или купуваат стотици милиони стаклени контејнери во кои ќе се чуваат дозите на вакцината.

Владата на САД спроведува речиси воена операција - навистина водена од војската - наречена „Operation Warp Speed“, во која осум компании добија десет милијарди евра. Целта е до јануари да бидат подготвени 300 милиони дози вакцини за американските граѓани.

Како и Соединетите Американски Држави, Европската Унија не сака да ги „обложи сите пари на еден коњ“ - никогаш не знаете која од вакцините ќе пропадне во последната фаза на тестирање или која ќе се покаже како поефикасна за неколку месеци. Затоа ЕУ веќе обезбеди купување на 800 милиони дози од шест различни производители.

Не може сите одеднаш

Според бројот на жители, на Германија ѝ следуваат 150 милиони дози од тој фундус на ЕУ. Но, Берлин преговара директно со BioNTech за дополнителни вакцини. Германија планира да формира најмалку шеесетина центри за вакцинација, веројатно во пространи саемски хали, за да може голем број луѓе да се вакцинираат брзо и без гужви.

Тоа значи дека наското со едно боцкање во рака короната ќе биде само уште едно матно сеќавање? Експертите предупредуваат дека не треба да се гаат вакви илузии.

„Со години ќе мораме да живееме со вирусот: држете дистанца, мијте ги рацете, носете маски“, рече Френк Улрих Монтгомери, претседател на Светското здружение на лекари.

Тој додава дека можеби ќе поминат неколку години додека не се вакцинира целото население.

„Нема доволно вакцини, ни доволно медицински персонал за масовна вакцинација одеднаш“, вели Монтгомери.

Според препораките на ЕУ кои треба да ги усвојат земјите-членки, сè додека нема доволно вакцини за сите, приоритет треба да се даде на медицинскиот персонал, луѓето со над 60 години и хронично болните. Германскиот министер Шпан деновиве повтори дека вакцинацијата во Германија ќе биде исклучиво на доброволна основа.

Дејвид Селсбери, еден од водечките експерти за имунизација во Велика Британија кој ја советува тамошната влада, за Guardian опиша како изгледа тоа: ако претпоставиме дека 75% од постарите граѓани ќе одат на доброволна вакцинација и дека вакцината ќе заштити 75% од вакцинираните, тогаш излегува дека само малку повеќе од половина од постарите лица кои се во ризична група ќе бидат заштитени.

Вакцината може да стори нешто, но не може сè

Научниците предупредуваат дека, иако со невидена брзина се развиваат вакцини против коронавирусот, не треба да се очекуваат чудесни успеси. Реномираниот германски неделник Spiegel на ова ја посвети насловната тема на тековниот број, а новинарите разговараа со раководителите на водечките компании кои ја развиваат вакцината.

„Идеално, вакцината обезбедува две работи: спречува или барем ја ублажува болеста и, второ, спречува понатамошно пренесување од едно лице на други“, вели сопственикот на BioNTech и главен истражувач Угур Шахин.

Но, досегашните студии сугерираат дека вакцинираните лица сè уште можат да ја шират инфекцијата, но побрзо закрепнуваат и во просек заразуваат помалку луѓе.

Кога ќе се повлече линијата, новинарите на Spiegel заклучуваат дека вакцината нема да ја заврши пандемијата со еден удар.

„Поверојатно е дека ова на почетокот ќе биде вакцина со средна ефикасност, кои штитат од тежок проток на болеста, а можеби дури и целосно ќе спречат појава на симптоми на COVID-19“. Но, тешко дека ќе спречат пренесување на самиот вирус“.

Сè уште не е јасно, пишува хамбуршкиот неделник, дали имунитетот ќе трае неколку месеци, една година или можеби подолго.

Кога ќе пристигне вакцината, заклучува Spiegel, веројатно ќе имаме „хаотични месеци“ со многу отворени прашања. На пример, колку се ефикасни и безбедни вакцините, колку дози ќе обезбедиме, кој прво треба да се вакцинира? И како да се вакцинира целото население?

реклама

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе