Вакцинирани 764 здравствени работници, до крајот на месецов се очекуваат и останатите вакцини

Во земјава до вчера против COVID-19 се вакцинирани 764 здравствени работници. Имунизацијата на здравствените работници со вакцината од производителот Pfizer се одвива во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде се поставени шест вакцинални позиции и се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот, од понеделник до сабота.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека се очекува до крајов на месецов да пристигнат и останатите вакцини.

– Веќе добро функционира системот на закажување, близу 95 илјади граѓани се пријавени преку веб-страницата vakcinacija.mk или преку матичните лекари. Од нив, 44 илјади се граѓани на возраст над 70 години со хронични болести, значи се таа прва приоритетна група на граѓани која треба да бидат вакцинирани по медицинскиот кадар. Веднаш кога ќе пристигнат вакцините, за разлика од сегашните вакцини тие ќе бидат дистрибуирани до сите вакцинални пунктови во земјава и ќе започне масовното вакцинирање на населението, рече министерот Филипче.

Тој посочи дека ќе се направи проценка и дали треба да се набават и содветни количини од руската вакцина против COVID-19.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека земјава нарачала толку вакцини против COVID-19, колку што Комисијата за заразни болести, според нејзината проценка, оценила дека е доволно за да се постигне колективен имунитет.

– Така што дефинитивно сме направиле чекори, сме потпишале договори, некаде авансно сме платиле или слично за да ги обезбедиме тие количини. Ако продолжиме да порачуваме вакцини Спутник V, следна веројатно е AstraZeneca, па нови количини од Pfizer, па нови количини од Sinopharm и ќе се затекнеме да има пет милиони вакцини во државата. Тоа е недозволиво заради рационалноста и наменското трошење на јавните пари. Затоа сме направиле договори толку колку што имаме потреба согласно националниот план за вакцинација на граѓаните во Република Северна Македонија. Ако се откаже дел од нарачките и се анулира дел од нарачката веројатно следни за нарачка ќе бидат токму Спутник V вакцините, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера обвини дека практично нема никаква комуникација помеѓу Владата и држави производители на вакцините, меѓу која е и Русија.

Според него, не важно потеклото на вакцините „дали е од Кина, дали е од Русија, дали е од Европската унија, дали е од САД. Час поскоро вакцината треба да се донесе, да може оние граѓани кои што сакаат да се вакцинираат, да се вакцинираат, да спасиме живот повеќе, да спасиме здравје“, рече Мицкоски.

Вчерашните податоци на Инстиитутот за јавно здравје покажуваат благ пораст на бројот на заболени од COVID-19. Според вчерашниот извештај, во претходните 24 часа се евидентирани нови 449 случаи на заболени од COVID-19, 227 оздравени пациенти и 10 починати лица.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 6.735 од кои 2.952 се во Скопје. Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во низ земјава е 622, има околу 420 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Од почетокот на епидемијата со коронавирусот во нашата земја вкупно се регистриарни 99.031 заболени лица, бројот на оздравени пациенти е 89.249, а на починати е 3.047.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе