Расте бројот на активни случаи

Вакцинирани 802.705 граѓани, 20.119 примиле трета доза вакцина

Бројот на активни ковид случаи во земјава се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, активни се 6.395 случаи од кои најголем број се во Скопје 3203. Во Куманово има 455 активни случаи, во Велес 328, во Прилеп има 257, во Битола 216, во Кавадарци 211, во Штип 207, во Охрид 192.

Од направени 3.210 тестирања, како што покажуваат податоците од ИЈЗ за изминатите 24 часа, регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19, оздравеле 225 пациенти, а осум лица починале.

Од Министерството за здравство соопштија дека во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709  како прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 26 октомври, вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани 772.424, а трета доза примиле 20.119 граѓани.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираа од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, а на починати е 7.087.

 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе