НАЈНОВО АМЕРИКАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖА

Вакцините против коронавирус не влијаат на плодноста

Истражувањето на Универзитетот во Бостон покажа дека вакцините против коронавирус не влијаат на плодноста.

Резултатите од студијата беа објавени претходно оваа недела во American Journal of Epidemiology. Ова е уште еден научен доказ дека вакцинациите безбедно ги штитат бремените жени од коронавирус и го намалуваат ризикот за нивните деца.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) претходно ги повика сите оние кои планираат да имаат деца да се вакцинираат.

Истражувачите ги анкетирале жените помлади од 45 години кои се обиделе да забременат без вештачко оплодување и нивните партнери на секои осум месеци во текот на минатата година. Откриено е дека нема значајна поврзаност помеѓу вакцинацијата и можноста да се има потомство, во споредба со оние кои не биле вакцинирани и исто така учествувале во студијата.

Сепак, кај мажите кои биле позитивни на коронавирус, забележано е дека имаат краткорочно или минливо намалување на плодноста. Претходните истражувања исто така покажаа дека производството на сперма привремено се намалува откако лицето ќе стане позитивно на коронавирус. Ова може да се должи на неколкудневна висока телесна температура предизвикана од вирусот.

Научниците од Бостон планираат да го следат здравјето на паровите кои биле вклучени во истражувањето, со цел да утврдат дали има долгорочен ефект од вакцинацијата врз плодноста.

Утврдено е дека инфекцијата го зголемува и ризикот од мртвородено дете. Дополнително, студијата на американскиот национален институт за здравје (NIH), објавена во списанието Nature, покажа дека мајките кои биле заразени со коронавирус имаат воспаление што може да предизвика долготрајно заболување, пренесува CBS News.

Рушиме митови: Стерилитет предизвикува короната, а не вакцината

реклама

Заврши најкрвавата битка во Украина, Азовстал во рацете на Русите

Read more

Полска бара демилитаризација и преименување на Калининград, Русите се изнасмеаја

Read more

Необична снимка: Уште еден доказ дека со Путин нешто не е вo ред?

Read more

По разделбата со Лиса Бонет, Џејсон Момоа во врска со 10 години помлада колешка

Read more

Здравје

Помалку познати рани знаци на бременост

Read more

Сурутката ги чисти црниот дроб и цревата, но која е подобра – кравја или козја?

Read more

Дали начинот на кој седите може да ви го продолжи животот?

Read more

Зошто со годините потешко го поднесуваме мамурлакот?

Read more
 

Магазин

Седум прашања што треба да си ги поставувате пред роденденот

Читај повеќе

Помалку познати рани знаци на бременост

Читај повеќе

Љубов предодредена во ѕвездите: Совршената хороскопска двојка

Читај повеќе

Сурутката ги чисти црниот дроб и цревата, но која е подобра – кравја или козја?

Читај повеќе

Дали начинот на кој седите може да ви го продолжи животот?

Читај повеќе

Како да ги намалите сметките за струја?

Читај повеќе

Добро Ми Стои кај Претседателот

Читај повеќе

Зошто со годините потешко го поднесуваме мамурлакот?

Читај повеќе

Како најлесно да го исчистите златниот накит?

Читај повеќе