ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Ван Дајк по враќањето од повредата: Не сум робот

Холанскиот дефанзвец се врати на зелениот терен прв пат по октомври лани и потоа се огласи околу неговата подготвеност, иако издржа цел натпревар завчера.

Вирхил ван Дајк пред десетина месеци ги оштети лигаментите на коленото, повреда која го оддалечи од фудбалот и поради која го пропушти и Европското првенство. Во саботата го одигра својот прв официјален натпревар и тоа во дресот на Ливерпул кој со 3:0 славеше на гости кај Норич во воведното коло од новата сезона во Премиер лигата.

Дефанзивецот одигра 90 минути, но тоа воопшто не значи дека е 100 посто подготвен за предизвиците во новата сезона бидејќи отсуството поради повредата беше предолго.

„Тоа што се вратив на терен не значи дека го затворив ова поглавје. Сѐ уште се враќам во форма. Сакав да играм од првиот натпревар бидејќи чувствувам дека тоа ми е потребно и дека ќе ми овозможи да се подобрам. Од моја гледна точка, познавајќи си го сопственото тело, има уште куп работи кои треба да ги подобрам, но јас не сум робот“, вели тој одговарајќи на новинарско прашање.

„Не можам веднаш по враќањето да бидам 100 отсто спремен. Првиот натпревар за мене беше многу емотивен и многу тежок поради многу причини. Во главата многу пати си го замислуваш натпреварот пред всушност да излезеш да играш“, додаде.

Во подготвителниот дел Ван Дајк настапи на три пријателски натпревари, но ниту еднаш не одогра 90 минути, така што само четвртиот натпревар после долгата пауза веќе го одигра комплет и тоа успешно издржувајќи го.

„Тренирав добро и се чувствував сигурно во однос на коленото. Имав тежок период, но сега едноставно сум среќен што повторно сум на терен. Првата работа која треба да ја направам е да си ја вратам кондицијата и потоа да се вратам во најдобрата форма, но не сум робот. Потребни ми се натпревари, време и почесто играње. Среќен сум што имаме фантастичен тренер кој ми помага“, заврши Ван Дајк.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе