Ван Гал: Сакам да им се одмаздам на Јунајтед

Холандскиот тренер Луј ван Гал тврди дека нема да преземе ниту еден клуб во иднина, но би направил исклучок единствено ако се работи за тим од Премиер лига.

Причината зошто би се нафатил да менаџира некој од великаните од англиската лига е да се одмазди на поранешниот клуб Манчестер Јунајтед поради отказот.

Ван Гал лани доби смена на Олд Трафорд и на негово место дојде Жозе Мурињо. По отказот, Холанѓанецот не штедеше критики на сметка на Португалецот, тврдејќи дека Јунајдед сега играат здодевно и дефанзивно, а сега отиде чекор понатаму и рече дека би сакал да ги порази во евентуален дуел.

„Најверојатно нема да водам ниту еден тим. Ако се лучи да прифатам таква понуда, тоа ќе биде некој силен тим од Англија само за да ги срушам Јунајтед“, изјави Ван Гал за холандски „Телеграф“.

Тој сепак нагласи дека нема ништо против Жозе Мурињо.

„Ед Вудворд, заменик на извршниот директор на Манчестер Јунајтед, само требаше да разговара со мене и сѐ ќе се решеше. Немам за што да го обвинувам Жозе“, рече Ван Гал, на кого Мурињо му беше асистент во Барселона од 1997 до 2000 година.

Холанѓанецот помина две сезони како менаџер на Јунајтед и за тоа време освои само еден ФА куп.

Откако замина од Јунајтед нема најдено нов ангажман, а медиумите шпекулираат дека би сакал да седне на клупата на Челзи или на Арсенал бидејќи смета дека се несигурни позициите на Антонио Конте, односно Арсен Венгер.

Во текот на неговата долга тренерска кариера, Венгер ги има водено Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен и два пати репрезентацијата на Холандија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе