Ван Хал ги барал Левандовски, Нејмар и Мане во Манчестер Јунајтед

Холандскиот стратег откри дека барал од управата да му ги донесе тројцата офанзивци додека седеше на клупата на „Црвените ѓаволи“.

Луи ван Хал седна на клупата на Манчестер Јуанјтед во 2014 година заменувајќи го Дејвид Мојс и остана две сезони. И покрај тоа што го освои ФА Купот во 2015/16, доби отказ од клубот кој потоа го донесе Жозе Мурињо.

„Сакав да го донесам Роберт Левандовски, но откако се испостави дека тоа е тешко остварливо пробав да го донесам Гонсало Игуаин“, открива Ван Хал за FourFourTwo.

„Пред да пристигнам ѝ кажав на управата за Нејмар. Кога си дел од Јунајтед, мора да размислуваш на големи работи. И за нив беше интересен поради тоа што неговите дресови многу се продаваат, додека јас сакав брзи крила. Од таа причина пробав да го донесам и Садио Мане, како и Ријад Махрез“, вели Холанѓанецот.

„На мојот список беше и Томас Милер, додека за во средината го барав Н'Голо Канте. Пробав дури и со Џејмс Милнер, кој веќе беше прилично стар, но сѐ уште мултифункционален и поседуваше лидерски вештини“.

Ван Хал сакал осетно да ја засили и одбраната на Јунајтед, но ни во тоа не успеал.

„За во одбраната, ги сакав Серхио Рамос и Матс Хумелс, бидејќи оние кои ги имав не беа добри во градењето игра од позади“.

Од сите овие желби на Вал Хал управата на Манчестер Јунајтед не му донесе ниту еден играч, па оттаму јасно е зошто Холанѓанецот не издржа долго на „Олд Трафорд“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more
 

Спорт

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе