ИСКРЕНО ИНТЕРВЈУ ЗА ИТАЛИЈАНСКИ La Republicca Delle Donne

Ванда незадоволна: Икарди одбива секс кога ПСЖ губи

Менаџерката и сопруга на Мауро Икарди, Ванда Нара, отворено зборува за нејзиниот сексуален живот со напѓачот на ПСЖ.

Наводно, Икарди одбива да има има секс со неа кога неговиот тим ќе изгуби натпревар.

За нејзина среќа, францускиот клуб е на врвот на табелата во домашната прва лига со 14 победи во првите 17 натпревари сезонава.

Атрактивната Ванда ги откри овие пикантни детали за врската со Икарди во интервју за италијанското списание La Republicca Delle Donne.

На прашањето што мисли за тврдењето на тренерот Антонио Конте дека фудбалерите треба да вложуваат што е можно помалку напор во сексуалните односи, таа одговори:

„Не би знаела што да речам. Можеби треба да се тестира тоа пред натпревар, но Мауро е многу професионален и не прави ништо пред натпревар.“

И тука следеше пикантеријата.

„Само по натпревар. И тоа ако поминале добро. Ако изгубиле, нема ни да ме погледне“, искрена беше Ванда.

Русокосата убавица го откачи поранешниот колега и близок пријател на Аргентинецот, Макси Лопез, и почна врска со него во 2013 година.

Во врска со контроверзното раскинување, таа рече:

„Го напуштив Макси Лопез и се вратив во Аргентина. Тогаш почнав да се забавувам со Мауро. Имав три деца и воопшто не беше лесно да се вратам во Аргентина и да почнам одново.“

Таа објасни и зошто го одбрала Икарди.

„Многу ми е важно што најдов некој како Мауро, кој е млад. Тоа не беше избор само за мене, го избрав бидејќи веќе ги засака и моите деца“, рече Ванда.

Икарди има постигнато 13 гола на 16 натпревари за францускиот гигант сезонава. За неговото заминување во ПСЖ на позајмица од Интер, агентката на Аргентинецот беше децидна.

„Заминувањето на Мауро беше добро за сите. Отиде во подобар и поважен клуб“, рече Ванда, но ја ублажи изјавата со тоа што рече деа има „фантастични спомени од Сан Сиро и навивачите на Интер“.

„Како што секогаш велам, вистински навивач на Интер знае дека Мауро секогаш беше на страната на клубот и неговата одлука да замине во Париз беше донесена исто така за да не ја изневери нивната доверба. Мауро замина во клуб на кој не можеше да му каже ‘не’, а целото ова се покажа добро и за Интер“, заврши Ванда.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе