Ванда незадоволна: Изборот на ПСЖ беше најлоша опција за мене

Сопругата на Икарди сепак не го минираше неговиот трансфер иако за неа и за децата преселбата во француската престолнина претставува лош избор. Откри дека во игра била и Бока Жуниорс.

„Од сите опции кои беа во игра преселбата во Париз беше најлошата можна за мене бидејќи треба да се селам со децата. Но, мислев на него. Имаше бројни клубови во Италија кои го бараа, избор кој ќе беше далеку попрактичен за нас“, изјави Ванда во аргентинското шоу „Morfi, todos a la mesa“ кое всушност го води нејзината сестра Заира.

Ванда и Икарди живееја во Милано цели шест години. Некои од децата им се родија таму, а постарите одеа на училиште. Тоа е причината поради која Ванда не сакаше да си оди.

Таа откри и дека славната Бока Жуниорс била во игра за нејзиниот сопруг. Но, Бока нема финансиски капацитет за да се избори за неговиот потпис.

„Би ми се допаднало доколку еден ден Мауро заигра за Бока. Можам само да си замислам како би било да истрча на тој стадион, иако јас сум за Ривер не би се спротивставувала на таков премин. Меѓутоа од Бока не доставија сериозна понуда“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе