Ванда Нара, сопруга и менаџерка на фудбалерот Мауро Икарди, им подготви на своите обожаватели изненадување на денот со новото провокативно издание што го објави на Instagram.
Аргентинката објави селфи во огледало и „сосема случајно“ го покажа задникот во едвај забележителна танга. Селфито не беше доволно, па Ванда објави и видео на кое ѝ се гледаат облините.
„На фотографијата сум јас, а на видеото барам селфи“, напиша во описот на објавата.
Мауро Икарди се појави во делот за коментари, оставајќи само еден емотикон.