Судиите во ВАР собата на натпреварите од најдобрата лига на Венецуела очигледно имаат проблем со компјутерските вештини.
Оваа повлечена офсајд линија е од натпреварот помеѓу Пуерто Кабељо и Португеса. Акцијата на Португеса во 85. минута заврши со гол, но сепак тој не беше признат. Помошникот веднаш го крена знаменцето, а иако компјутерската техника при проверката во ВАР потфрли, сепак веројатно и самите биле свесни дека од авион се гледа очигледниот офсајд.
Инаку, натпревар заврши 0:0.
Целосниот епски момент е на 7:05 на видеото, но во хајлајтсот е исфрлена бламажата со офсајд линијата, па е ставена само ситуацијата без линијата.