ВАР скандал: Поништен гол за Шведска поради имагинарен офсајд

Фудбалерите на Шведска синоќа во последното коло од Лигата на нации го совладаа Азербејџан со резултат 6:0, а победата на скандинавската селекција можеше да биде поубедлива да не беше скандалозната одлука на судиите во ВАР собата во последните моменти од првото полувреме.

Имено, во 45+2. минута Виктор Ѓекерес го искористи Александар Исак во центарот, а напаѓачот на Њукасл по одличен соло продор шутираше од работ на шеснаесетникот и го матираше Рза Чафаров.

Исак го прослави голот за 4:0, полскиот судија Радослав Сиејка покажа на центарот, но потоа му се јави колегата од ВАР собата Павел Малец и му рече да го поништи голот бидејќи Исак е во офсајд.

Но, кога на телевизија беше прикажано во каква ситуација судиите во ВАР собата ја „повлекле“ линијата, беше јасно дека се работи за катастрофална грешка.

Имено, линиите беа „исцртани“ во моментот кога топката беше испратена од бековската линија кон Ѓокерес. Точно, во тој момент Исак беше во офсајд, но тој воопшто не влијаеше на играта.

Згора на тоа, Ѓекерес прво се врати со топката, а потоа направи уште неколку чекори и дури потоа му ја додаде топката на Исак, кој беше во дозволена позиција при тоа додавање.

„Како е можно ова, ама сериозно? Ова е најлошата грешка што сум ја видел во мојот живот. Сум видел многу судиски грешки во мојата кариера, но оваа е нешто посебно. На полувремето им пријдов на ВАР судиите и влегов во расправија со нив, но тие останаа на тоа дека ја донеле вистинската одлука“, изјави Исак по средбата.

Тагови
реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Фудбал

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Read more

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more
 

Спорт

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Читај повеќе
  • play_arrow

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Читај повеќе

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе