ВАР: Венгер предлага мала промена во офсајд правилото

Арсен Венгер денес работи во ФИФА и вели дека има идеја како да го реши проблемот со милиметарските офсајди кои сe судат благодарение на ВАР.

Откако се воведе ВАР беа поништени еден куп голови поради офсајд кој голото око не може да го забележи.

„Зборувам за офсајдите кои се поради дел од сантиметар. Можеби има простор малку да се промени офсајд правилото да не биде дека нечиј нос бил во офсајд“, смета поранешниот долгогодишен предводник на Арсенал.

Улогата на Венгер во ФИФА вклучува и работа при техничкиот панел во ИФАБ, која е задолжена за дефинирање на правилата на игра. Токму ИФАБ за точно десет дена ќе одржи состанок во Белфаст, Северна Ирска, на кој многу веројатно тема ќе биде и проблемот со милиметарскиот офсајд на ВАР.

Во моментов, играч е во офсајд доколку било кој дел од неговото тело со кој може да постигне гол е пред последниот играч од противничката екипа. Рацете не се рачунаат.

Венгер смета дека сѐ уште нема доволно специјалисти за ВАР, како и дека повеќе поранешни судии и искусни фудбалери треба да бидат вклучени во решавањето на овој проблем кој ја убива играта.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе