Денеска се одигра вонредното 22. коло во најдобрата македонска лига кое го одбележа дебаклот на лидерот Шкендија во Струга,победата на Вардар над Работнички во Дербито на Скопје, како и потардата на Силекс.
По 98-ми пат копјата ги вкрстија старите скопски ривали Работнички и Вардар, дерби кое датира од далечната 1951 година кога прв пат се сретнале, а победил Работнички со 2:1.
Мируваа мрежите без многу шанси кога во 36. минута Вардар доби пенал откако на работ од шестнаесетникот фаулираше младиот Матеј Ангелов. Сепак, Азер Омерагиќ шутна како во НФЛ. Само минута подоцна Вардар поита во контра со една долга топка, прв ја стигна домашниот капитен Егзон Белица, но катастрофално реагираше обидувајќи се со глава да врати до голманот Игор Алексовски, па Едиз Спахиу ја собра и погоди за водство.
До крајот „Романтичарите“ не успеаја да израмнат, па во 90-тата минута по една контра Роџерс Мато ја запечати победата на Вардар, вкупно 39-та во вечното дерби.
По трите порази во низа, шампионот Струга со стил им се врати на победите, совладувајќи го не било кој туку лидерот на табелата, тетовска Шкендија, со високи 3:0, и ја врати неизвесноста во трката за титулата оти сега Силекс се приближи на само два бода.
А, пак, кратовчани немаа проблеми на гостувањето кај Беса 1976, полнејќи ја мрежата на домашните и тоа со петарда.
Пелистер запиша вредни три бода во доелот со конкурентот за опстанок Воска Спорт, победувајќи со минимални 1:0.
Важни бодови впиша и Тиквеш кој дури во 89-тата минута го скрши отпорот на Шкупи, кој од 26. минута играше дефанзива оти беше со играч помалку.
Во истата минута Гостивар дојде до бодовите на гостувањето кај Брера во Струмица, па се врати на минус три од врвот.
ФФМ тренинг-центар „Петар Милошевски“ во Скопје
Работнички - Вардар 0:2 (0:1)
Стрелци: 36' Едиз Спахиу, 90' Роџерс Мато
Главен судија: Фатмир Бафто (Охрид)
Стадион „Градски“ во Кавадарци
Тиквеш - Шкупи 0:1 (0:0)
Стрелци: 89' Берат Садик
Црвени картони: 26' Флориан Кадриу (Ш)
Главен судија: Влатко Илиоски (Прилеп)
Стадион „Петар Милошевски“ во Битола
Пелистер - Воска Спорт 1:0 (0:0)
Стрелци: 65' Филип Бошковски
Црвени картони: 90'+3 Марко Жуљ (ВС)
Главен судија: Фуркан Идризи (Тетово)
Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Брера Струмица - Гостивар 0:1 (0:0)
Стрелци: 89' Ли Ервин
Главен судија: Игор Стојчевски (Скопје)
Стадион „Градски“ во Гостивар
Беса 1976 - Силекс 0:5 (0:3)
Стрелци: 3' Ади Алиќ, 29' Марко Ѓорѓиевски, 37' Алдин Хрвановиќ, 50' Маронг Усман, 57' Илија Донов
Главен судија: Бењамин Ќерими (Скопје)
Стадион „Градска плажа“ во Струга
Струга - Шкендија 3:0 (0:0)
Стрелци: 51', 68' Сава Радиќ, 63' Марјан Радески
Главен судија: Александар Грујоски (Кичево)
Сите голови:
Табела: