Вардар го доживеа и вториот пораз во Лига Европа

Вардар го забележа вториот пораз во фазата по групи во Лига Европа. „Црвено-црните“ вечерва во Трондхајм загубија од Розенборг со 3:1 (1:0).

Бразилецот Фелипе влезе во историјата на Вардар како играч што го постигнал деби-голот за најтрофејниот македонски клуб во групната фаза во Лига Европа.

Вардар се обиде, но не успеа да го изненади Розенборг. Одново клучно беше искуството, односно неискуството во ваквите европски натпревари.

 Можеби натпреварот ќе имаше поинаков тек доколку ударот на Блажевски во третата минута, наместо во дирекот, завршеше во мрежата на норвешкиот тим.

Вардар добро парира сe до 25. минута кога Мелинг со добро додавање го спои Бендтнер со голот, а Муслиу го сруши искусниот напаѓач. Бендтнер беше сигурен реализитор на пеналот.

Во второто полувреме Розенборг постигна уште два гола, најпрвин Конрадсен во 56. минута, а 12 минути подоцна, по една луцидна асистенција на Бендтнер, Хаденштад зголеми на 3:0.

Вардар до крајот имаше една добра шанса преку Барсегјан, но неговиот удар од 20-ина метри го одбрани Хансен, потоа Блежевски биеше многу непрецизно од слободен удар, а во 90. минута Фелипе постигна брилијантен гол и ги постави конечните 3:1.

Во наредното коло, на 19 октомври, Вардар ќе го пречека Реал Сосиедад.

Тимот од Сан Себастијан вечерва со идентични 3:1 загуби кај Зенит. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе