Вардар го совлада Алборг за втора победа во Лигата на шампиони

Скопје, 29 септември 2021 (МИА) – Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа втората победа сезонава во Лигата на шампиони, откако триумфираа вечерва во Скопје над данскиот првак Алборг со 30-28 (16-16) во рамки на третото коло од групата А.

Македонскиот шампион беше во негатива од четири голови разлика на средина од првиот дел (7-11), но, во продолжението го подигна квалитетот во играта и влезе во завршните пет минути од натпреварот со идентична предност (28-24).

Серијата на Алборг од 4-1 внесе неизвесност во самиот финиш, но Вардар одолеа до самиот крај за да му го нанесе првиот пораз на тимот од Данска во групната фаза.

Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Тимур Дибиров со девет голови.

По некомплетното трето коло, Вардар е лидер на табелата во групата А со пет бодови, пред следниот предизвик против француски Монпеље, на 13 октомври, исто така, во салата „Јане Сандански“.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе