Фудбал

Вардар го среди Фенербахче (видео)

18. август 2017 - 8:25 | Макфакс

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за пласман во фазата по групи во Лига Европа.

Македонскиот шампион, на чија клупа дебитираше Чеде Јаневски, ја забележа една од најголемите победи во клупската историја. Пред „црвено црните“ потклекна турскиот великан чии дрес го носат познати европски фудбалски имиња.

Вардар одигра тактички мудро, не му дозволи на Фенербахче да ја развие својата игра, а неговите играчи беа исклучително опасни во контранападите.

Ерменецот Барсегјан во 20 минута една контра претвори во гол. Тој доби топка во простор со брилијантен потег се ослободи од Шкртел и го совлада Камени. Конечниот резултат го постави дефанзивецот на Фенербахче, Топал кој во 92 минута си постигна комичен автогол.

Двата тима натпреварот го завршија со играч помалку, кај Вардар поради два жолти картони во 89 минута беше исклучен капитенот Грнчаров, додека Соуза од Фенербахче доби директен црвен картон во 94 минута.

Реваншот во Истанбул ќе се одигра наредниот четврток. 

Коментирај