1.МФЛ 2020/21

Вардар и Пелистер ги поделија бодовите

Се комплетираше 19 коло во најдобрата македонска фудбалска лига каде натпревар на денот беше пресметката помеѓу вечните ривали Вардар и Пелистер.

Вардар на дваптаи поведуваше и тоа по две грешки на битолчани. Прво во 3. минута Петковски го отвори резултатот за Пејаковиќ да израмни во 22. минута. Само што почна вториот дел Мирчевски донесе ново водство за Вардар, но ветеранот Маневски на десетина минути пред крајот ги постави конечните 2:2.

На другите натпревари за одбележување е победата на Беласица на гостувањето кај Ренова. „Гипсарите“ важеа за големи фаворити, но струмичани ја однесоа победата и тоа со 2:4.

Лидерот Шкендија извојува тесна победа кај Силекс и тоа со пресврт, победи и вторпласираниот Шкупи и тоа со деби голот на новото засилување Цветаноски на гости кај Борец, а Струга и Македонија ЃП ги поделија бодовите.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Вардар - Пелистер 2:2
Стрелци: 3' Петар Петковски, 47' Мартин Мирчевски - 22' Иван Пејаковиќ, 79' Борче Маневски
Судија: Александар Ставрев (Скопје)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Шкендија 1:2
Стрелци: 20' Иван Ивановски - 41' (аг) Срѓан Драшковиќ, 58' Љупчо Дориев
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Зоран паунов“ во Велес
Борец - Шкупи 0:1
Стрелци: 79' Матеј Цветаноски
Судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Стадион „Градска плажа“ во Струга
Струга - Македонија ЃП 1:1
Стрелци: 85' Марјан Алтипармаковски - 50' Есмин Личина
Судија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)

Стадион „Градски“ во Тетово
Ренова - Беласица 2:4
Стрелци: 59' Фатјон Јусуфи, 61' Филип Стојчевски - 42' (п), 86' (п), 90' Антонио Каланоски, 81' Бесарт Гуџуфи
Судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Останатиот натпревар од ова 19. коло се одогра минатиот викенд кога требаше да се одиграат и овие натпревари, но беа одложени поради снегот. Тогаш, Работнички со 1:0 славеше победа на гости кај Академија пандев во Струмица.

Табела:

  1. Шкендија 42
  2. Шкупи 36
  3. Македонија ЃП 34
  4. Струга 29
  5. Работнички 27
  6. Вардар 26
  7. Борец 25
  8. Силекс 22
  9. Пелистер 19
  10. Ренова 19
  11. Академија Пандев 17
  12. Беласица 12
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе