1.МФЛ 2019/20

Вардар и со реми повторно ја зголеми предноста

Поразите на Академија Пандев и на Шкендија му дозволија на Вардар и со реми кај Силекс не само да ја сочува предноста на врвот туку и да ја зголеми за еден бод.

Вонредното 16-то коло во прволигашката конкуренција се одигра денеска на терените ширум државава. Лидерот Вардар гостуваше во Кратово кај Силекс и малку фалеше да си замине со трите бода.

Силекс прв поведе, но потоа вардарци направија пресврт во вториот дел. Вториот гол го постигнаа и со играч помалку откако поради втор жолт картон Мицевски мораше да го напушти теренот. Сепак, одбраната на црвено-црните попушти на 4 минути пред крајот па Силекс избегна пораз.

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Вардар 2:2 (1:0)
Стрелци: 12' Дарко Грозданоски, 86' Кристијан Костовски - 49' Кристијан Тошевски, 70' Матеј Цветановски
Црвен картон: 65' Дарко Мицевски
Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)

Второпласираниот тим на Академија Пандев почна одлично на „Чаир“ поведувајќи уште во 7-мата минута. Но, домашниот тим  во второто полувреме успеа дури трипати да ја затресе мрежата на Душан Чубраковиќ и да ги собере бодовите.

Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи - Академија Пандев 3:1 (0:1)
Стрелци: 67' Сержињу, 78' Дембо Дарбо, 90'+3 Фатјон Јусуфи - 7' Марко Рајковиќ
Судија: Марјан Ецкоски (Охрид)

На серијата од три победи во низа на шампионот Шкендија ѝ дојде крајот во Струга. Тетовчани водеа на полувреме, но и тие после паузата му дозволија на домашниот тим да направи пресврт.

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Струга - Шкендија 2:1 (0:1)
Стрелци: 54' Валентин Кочоски, 65' Нијас Лена - 38' Стениу Жуниор
Судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Македонија ЃП во 90-та се спаси од пораз во Тетово кај Ренова. Блажевски беше херојот на „Лавовите“ кој не ѝ дозволи на Ренова да ја прекине серијата без победа која сега трае 8 натпревари.

Стадион „Градски“ во Тетово
Ренова - Македонија ЃП 1:1 (0:0)
Стрелци: 54' Ремзифаик Селмани - 90' Дејан Блажевски
Судија: Марјан Маркоски (Охрид)

Затоа пак Работнички по 6 натпревари без победа конечно ги израдува своите навивачи. Очигледно требало во Скопје да дојде тимот на Борец, кој ги загуби сите гостувања сезонава, за „Романтичарите“ да победат.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Работнички - Борец 2:1 (1:0)
Стрелци: 37' Давид Тошевски, 60' Виктор Велкоски - 62' (пен) Никола Прелчец
Судија: Марјан Гоцевски (Струмица)

Табела по 16-то коло:
1. Вардар 32
2. Академија Пандев 27
3. Шкендија 24
4. Силекс 23
5. Шкупи 22
6. Македонија ЃП 22
7. Струга 22
8. Ренова 16

9. Борец 16
10. Работнички 14

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе