Вардар исфрлен од ЛШ поради неисполнети финансиски обврски

Се исполнија најавите од пред неколку дена, дека македонскиот ракометен првак Вардар ќе остане без место во Лигата на шампионите поради неисполнети финансиски обврски. Ова денес преку својата официјална веб-страница го потврди Европската ракометна федерација (ЕХФ).

– Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на состанокот во петокот, на 17 јуни, одлучи дека македонскиот клуб Вардар 1961 не ги исполнува критериумите за влез во натпреварувањата во Европскиот куп на ЕХФ во сезоната 2022/23. Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот и со тоа да го задржи клубот од Скопје на највисоко ниво. Со оглед на тоа што РК Вардар 1961 одлучи активно да го презентира својот став пред медиумите, Европската ракометна федерација одлучи да даде јавен одговор. Овој одговор е директно доставен до клубот во исто време, стои во дел од известувањето на ЕХФ.

Од таму додаваат дека направени биле многу обиди да се реши ситуацијата со Вардар.

– Имаше многу писмени размени, па дури беа преземени и лични разговори и јасни распореди од страна на ЕХФ. За жал, претставниците на клубот не можеа да ги почитуваат овие датуми и поставија стратегија на одложување или дури и неодговарање. Плаќањата беа направени само делумно, а беа преземени неколку обиди датумите да се одложат во следната сезона. Извршниот комитет на состанокот минатиот петок дошол до едногласна констатација дека РК Вардар 1961 ниту ги исполнил договорените аранжмани, ниту навремено го завршил кругот на плаќање и со тоа не ги исполнува критериумите за учество во евро-куповите во сезоната 2022/23.

На крајот од соопштението, Европската ракометна федерација изразува жалење за непопуларниот чекор и подвлекува дека тоа не е во интерес на федерацијата.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Ракомет

Пролет е сензацијата во ракометниот Куп на Македонија

Read more

Ракометарите поразени дома од Португалија

Read more

Александар Јовиќ е нов тренер на Еурофарм Пелистер

Read more

Пуштени во продажба билетите за дуелот на македонските ракометари против Португалија

Read more
 

Спорт

Македонските фудбалери ја победија репрезентацијата на Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери на кои им паднаа акциите оваа сезона

Читај повеќе

Зидан ги кажа двата услова за да се врати во Реал

Читај повеќе

Што е потребно за Меси да се врати во Барселона?

Читај повеќе

Манчини: Во Серија А има малку Италијанци, ќе продолжам да земам наши од Аргентина

Читај повеќе

Во Челси се лути на Тухел за неговиот прв потег во Баерн

Читај повеќе

Кин во Јуве заработува 3 милиони евра годишно, а татко му е бездомник

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ заработи суспензија во маестрална партија

Читај повеќе

Тотенхем го отпушти Конте

Читај повеќе