Македонскиот шампион Вардар заедно со Веспрем, ПСЖ и Барселона ќе бидат носители на претстојната жрепка за групната фаза во ракометната Лига на шампиони.
Жрепката ќе се одржи на 1 јули во Виена, а „Црвено-црните“ ќе се најдат во првиот шешир.
Двата најдобри тима од секоја група директно ќе се пласираат во четвртфиналето, додека екипите со пласман од трето до шесто место ќе разигруваат меѓу себе за преостанатите четири места за четвртфиналето.
Новата сезона ќе се игра во нов формат со по две групи од по 8 тимови, а две екипи од иста земја не можат да се најдат во иста група.
Барабан 1: Вардар, Веспрем, Барселона, ПСЖ
Барабан 2: Кил, Кјелце, Алборг, Порту
Барабан 3: Мешков, Мотор, Нант, Пик Сегед
Барабан 4: Цеље, Загреб, Елверум, Фленсбург