Ракомет

Вардар на Супер Глоуб почнува со подобриот од Ал Мудар и Њујорк Сити

6. август 2019 - 11:32 | Ф.З.

ИХФ го објави распоредот за неофицијалното Светско клупско првенство на кое Вардар ќе игра како шампион на Стариот континент и каде ќе стартува од четвртфиналето.

Саудиска Арабија за првпат ќе биде домаќин на планетарниот собир откако минатите 9 првенства се играа во соседниот Катар. За Вардар ова е второ учество, а на дебито во 2017 заврши на третото место. Втора шанса за црвено-црните да дојдат до пехарот кој им недостасува.

Како шампион на Европа Вардар стартува од четвртфиналето каде ќе игра против подобриот од квалификацискиот дуел на саудискиот Ал Мудар кој игра благодарение на вајлд-карта и американскиот Њујорк Сити кој доаѓа како шампион на Северна Америка.

Доколку Вардар се пласира во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот на египетскиот Замалек (шампион на Африка) со победникот од квалификацискиот дуел на австралискиот Сиднеј Јуниверзити и германскиот Кил, уште еден учесник со вајлд-карта.

27 август, квалификации:
Сиднеј Јуниверзити - Кил
Ал Мудар - Њујорк Сити

28 август, четвртфинале:
Вардар - Ал Мудар/Њујорк Сити (1)
Замалек - Сиднеј Јуниверзити/Кил (2)
Ал Вехда - Таубате (3)
Барселона - Ал-Духаил (4)

29 август, полуфинале:
победник четвртфинале 1 - победник четвртфинале 2
победник четвртфинале 3 - победник четвртфинале 4

31 август, натпревар за 3-то место:
поразен полуфинале 1 - поразен полуфинале 2

31 август, финале:
победник полуфинале 1 - победник полуфинале 2

Коментирај