Вардар оди во Келн, со атрактивни голови го заврши мечот со Фленсбург

Ракометарите на Вардар изборија пласман во Келн, на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Вардар во четвртфиналниот двомеч, го победи Фленсбург, најпрвин во Германија 26:24, а потоа и во реваншот во Скопје 35:27.

Вардар во четвртиот обид конечно успеа да се пласира во елитната четворка на европскиот ракомет и на почетокот на јуни ќе биде дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн.

Екипата, која од клупата ја предводи Раул Гонзалес, во двата четвртфинални натпревари, го надигра аспирантот за германскиот ракометен трон, Фленсбург. Овој тим пред четири години, само поради поголемиот број на голови постигнати на гостински терен, му оневозможи на Вардар да игра на завршниот турнир.

Вардар тактички и играчки го декласира Фленсбург. Особено импресивни „црвено-црните“ беа во дефанзивата со која раководеше голманот Штербик. Вардар, на еден од напаѓачки најдобрите тимови, му дозволи 24 голови во првиот и 27 во вториот натпревар.

Дека нема што да бараат во реваншот Вардар на играчите на Фленсбург им покажа од првата секунда. Вардар го контролираше резултатот, константно ја одржуваше предноста од два гола, а портите кон Келн ширум ги отвори по 20 минути игра, кога на семафорот стоеше 10:6. Првиот дел заврши со пет голови повеќе на контото на „црвено-црните“.

Фленсбург се обиде на стартот од вториот дел да притисне, да се врати во натпреварот, три пати имаше три гола негатива, но тогаш Вардар го зададе завршниот удар, при резултат 21:17, избраниците на Раул Гонзалес направија серија од пет гола и во 45 минута имаа недостижни 26:17.

Германците тука се откажаа, а Вардар последните десет минути ги искористи да изведе неколку атрактивни акции со кои ги почести своите симпатизери.

Штербик повторно блескаше на голот, имаше 11 интервенции, а стреците ги предводеа Циндриќ со седум, односно Шишкарев и Душебаев со по пет гола.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе