Скопје, 13 јуни 2019 (МИА) – Европскиот шампион Вардар преку специјално видео се збогува со ракометарите кои следната сезона нема да го носат „црвено-црниот“ дрес, како и со тренерот Парондо.
„Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо“, напиша клубот на официјалниот Facebook профил.
„Заедно се радувавме на одлични моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех. СРЕЌНО!“ – стои во пораката на РК Вардар.