Вардар против Киелце за второ место во групата

Скопје, 29 ноември 2018 (МИА) – Ракометарите на Вардар во сабота се домаќини на Киелце во последниот натпревар оваа година во Лигата на шампионите.

– Играат брз ракомет со добра одбрана. Ние се подготвуваме добро. Овој меч е исклучително важен за нас, бидејќи со победа ќе се позиционираме на второто место во групата и така ќе ја завршиме годината пред продолжението на натпреварите во февруари 2019. Најважно е да немаме падови во текот на натпреварот и 60 минути да покажеме дека можеме да играме добро. Играчите се максимално мотивирани, рече тренерот Роберто Парондо на денешната прес-конференција.

Капитенот Стојанче Стоилов посакува триумф и покрај проблемите со повредени играчи во таборот на „црвено-црните“.

– Очекуваме тежок натпревар со силен противник кој располага со одлични играчи. Се подготвуваме најдобро што можеме и покрај сите проблеми со кои се соочуваме. Играме дома, многу сакаме да го победиме Киелце, изјави Стоилов.

Тој ги повика своите соиграчи да не подлегнуваат на евентуални провокации какви што имаше од домашните играчи на мечот во Полска.

Натпреварот Вардар – Киелце од 10.коло во ЛШ се игра во сабота, со почеток во 17 часот и 30 минути.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Ракомет

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more

Македонските ракометари добија лесна група во квалификациите за ЕП

Read more

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

Read more

Ракометарките убедливо поразени од Шпанија

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе